Министерот за здравство Венко Филипче пред малку потврди дека четири лица од тестираните, се позитивни на корона вирусот, поради што ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје. На жената од Центар Жупа, состојбата и’ се влошила, поради што како што рече Филипче, е на граница да биде ставена на механичка вентилација.
Вкупно девет пацинети се на Инфективна клиника, од кои една пацинетка, првозаболената, ќе биде пуштена дома, бидејќи тестовите се негативни.
Наш државјани, кој пристигнал со авион од Германија со благи симптоми, како суспектен случај е преземен од лекарите, а изолирани се и луѓето што седеле околу него.