Maкедонските камионџии губат околу 20 милиони евра поради нереализацијата на веќе договорените транспорти, додека пак условите на градилиштата не помагаат при заштита на работниците од „Корона“ вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/20 2:33 PM

Maкедонските камионџии губат околу 20 милиони евра поради нереализацијата на веќе договорените транспорти, додека пак условите на градилиштата не помагаат при заштита на работниците од „Корона“ вирусот

Со проширувањето на „Корона“ вирусот во земјите членки на ЕУ, Германија, Италија, Холандија и Франција и зголемување на стапката на заразеност, почна да опаѓа и реализацијата на транспорти за овие држави. По воведувањето на карантин во некои држави и региони, откажани се речиси 90 отсто од договорените транспорти, а тоа значи огромни загуби за камионџиите, но и за буџетот на земјава, вели Страшо Јованов од независниот синдикат на камионски транспортери на Македонија.

-Jaс сликовито ќе кажам дека во Македонија има 10 000 регистрирани камионски единици. Од 4000 камионски единици кои сообраќаат со овие дестинации во Западна Европа и во просек за еден месец реализираат најминимално. Еден транспорт до европските дестинации и еден транспорт до Турција. Тие два круга кога ќе се затворат, минималната реализација е 5000 евра.

Во градежништвото ситуацијата нималку не се различна. Стекнатите услови во овој сектор воопшто не помагаат на работниците во заштитата од вирусот Ковид-19, напротив, само ги влошуваат состојбите. Недостатокот на информации кои допираат до нив и неможноста конвелнционално да се информираат поради природата на нивната работа, според Атанас Трајковски од независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото, претставува уште еден проблем.

-Условите на градилиште не се добри за да може работникот да се заштити од вирусот. Има само една чешма и тука луѓето можат да ги измијат рацете, меѓутоа нема средства за хигиена, а работниците се во меѓусебен контакт, користат едно метро, еден ист алат.

Синдикатите апелираат за посериозен однос и третман на институциите по однос на овие прашања.