(Видео) Автобусите на Нехар турс со полициска придружба вратени од граница – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/20 9:30 AM

(Видео) Автобусите на Нехар турс со полициска придружба вратени од граница

Автобусите на Нехар турс, кои се упатија кон Црна Гора, со полициска придружба биле вратени од граничен премин во 3 часот по полноќ. Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на Владата за заштита од корона вирусот, дознава Фронтлајн од граѓански новинар.

Сопственикот на Нехар турс не сакал да го одложи патувањето и по долгите убедувања од неколку совесни патници кои сакале да ги испочитуваат мерките на Владата во врска со корона вирусот. Според информациите, сопственикот и неговиот синн дури ги убедувале патниците дека патувањето мора да се реализира и не сакале да им ги вратат парите.

Расправијата  се случува на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје. Патниците кои уплатиле за четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора, преку туристичката агенција Нехар турс, жестоко се спротивставиле автобусите за тргнат кон планираната дестинација.

https://www.facebook.com/frontline.mk/videos/255442382121498/

Извор: Frontline.mk