Бугарската влада предлага да се воведе вонредна состојба – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/20 8:35 AM

Бугарската влада предлага да се воведе вонредна состојба

Во Бугарија се преземаат мерки против корона вирусот што не функционираат поради непридржување кон карантинот, заклучи доцна синоќа владинот кабинет на Бугарија.

-Треба дамислиме на постарите и ранливите луѓе. Во други земји, за такви прекршоци се предвидени до 7 години затвор, а кај нас ќе им овозможиме и на нашите служби да ги пронајдат и казнуваат одговорните. Таквиот авторитет ќе му го дадеме на армијата и на полицијата затоа што 14 лица не можат да го нарушат карантинот! Затоа предлагаме, по консултација со сите власти, да се  воведе  вонредна состојба во земјата , што вклучува затворање на установи за образование и рекреација, забрана за летови, што ја преземаат голем број на земји во Европската унија. Ќе мора да ја ограничиме работата на ресторани и објектите за забава некое време. Училиштата и универзитетите нема да работат, изјави по полноќ. премиерот Бојко Борисов.Овој предлог е испратен до парламентот и се очекува да биде разгледан веќе денеска.

Во Бугарија има 23 случаи на заболени од корона вирусот, а една жена почина.