Сончево и топло со максимална температура до 26 степени. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот и умерен северозападен ветер. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. В недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.



