Времено се укинуваат автобуските линии до Средно Водно, нема да работи и жичарницата – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 3:50 PM

Времено се укинуваат автобуските линии до Средно Водно, нема да работи и жичарницата

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека од утре нема да сообраќаат трите автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и жичарницата.

Одлуката ќе важи во наредниот период, односно до идните одлуки согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, информира ЈСП Скопје.