Една по друга: Уште две земји ги намалуваат цените на нафтата – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 3:17 PM

Една по друга: Уште две земји ги намалуваат цените на нафтата

Ирак и Кувајт, кои припаѓаат на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), по примерот на Саудиска Арабија, одлучија да ги намалат цените на нафтата во април.

Обединетите Арапски Емирати (UAE) го сторија тоа во февруари, соопшти Bloomberg.

Според агенцијата, тоа се случило во ек на ценовната војна помеѓу Москва и Ријад.

Ирак ја спушта вредноста на нафтата од типот Basrah light за пет долари за барел, а Saudi Aramko цената нафтата од типот Arab Medium за шест долари, додека деталите во врска со Кувајт не се познати.

Во исто време, во сите случаи станува збор за испораки на територијата на Азија.

UAE, според агенцијата, ретроактивно формираат цени. Во јануари, овој производител ги намали цените на февруарските продажби за своите четири типа нафта за 1,63 долари за барел.

Покрај тоа, ирачката државна компанија за транспорт на нафта SOMO од април планира зголемување на извозот.

Да потсетиме, цените на нафтата паднаа за 25 проценти на 9 март откако земјите на ОПЕК + не успеааа да се договорат за промена на параметрите на договорот ни за негово продолжување. Поради тоа од 1 април никој од членките на поранешната алијанса нема да има обврска да го ограничи своето производство.

Саудиска Арабија соопшти дека има намера да го зголеми производството и на клиентите да им понуди 20 проценти попуст за април.

Извор: denar.mk