Европската унија најавува поквалитетни производи – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 3:07 PM

Европската унија најавува поквалитетни производи

Европската комисија ќе предложи закони со кои сака да се осигура дека производите на единствениот пазар траат подолго, полесно може повторно да се користат, поправат и рециклираат.

Претставен е нов акционен план за кружна економија, што е еден од клучните елементи на Европскиот зелен план, нова европска стратегија за економски раст.

Со акциониот план сака да се постигне одржливост на производите да станат норма во Европската унија, така што ќе бидат предложени закони за политиката на одржливи производи.

Европската комисија најави дека за да се осигура дека производите на пазарот на ЕУ траат долго, полесно повторно да можат да се користат и рециклираат и дека што е можно повеќе да се користат рециклирани материјали наместо примарни суровини.

„Еднократна употреба ќе биде ограничена, ќе се отстрани предвремена застареност и ќе биде забрането уништување на непродадени трајни производи“, објави Европската комисија, додавајќи дека законот особено ќе ги третира електронските производи.

Извор: denar.mk