МИОА: Да се користи можноста за услуги од институциите по електронски пат – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 1:41 PM

МИОА: Да се користи можноста за услуги од институциите по електронски пат

Сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат, апелира денеска Министерството за информатичко општество и администрација постапувајќи во согласност со насоките и вонредните мерки што ги донесе Владата со цел превентивно ширење на коронавирусот.

Изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, како и преку порталот на Управата за водење на матични книги.

– На порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk, моментно се достапни 128 услуги, кои може да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Тоа значи дека потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се: Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено и Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар… се достапни електронски.

Дополнително, за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање. На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации, информира МИОА.

МИА