Kинезите соопштија: Поминал шпицот на епидемијата на корона во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 11:28 AM

Kинезите соопштија: Поминал шпицот на епидемијата на корона во Кина

Кина го помина шпицот на епидемијата на коронавирус, соопштила денеска Националната здравствена комисија.

Во Кина бројот на новозаразени дојде на најниско ниво откако епидемијата изби. Во најтешко погодената провинција Хубеи и нејзиниот главен град Вухан беа најголем дел од вкупно 80.790 заразени и 3.169 починати во Кина.

СЗО ја прогласи епидемијата на коронавирус, која се прошири во најмалку 114 земји, за пандемија, а Италија ги заостри мерките на карантин, а САД воведоа забрана за летови од и кон Европа. Повеќе од 126.000 се заразени на глобално ниво, според СЗО. Од нив, 68.000 оздравеле.