Претседателот на синдикатот за сообраќај и врски Методија Димески и по три месеци од изборот не може да ја врши својата функција, второстепената комисија на Централниот регистар го поништила решението на Централниот регистар – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/20 3:16 PM

Претседателот на синдикатот за сообраќај и врски Методија Димески и по три месеци од изборот не може да ја врши својата функција, второстепената комисија на Централниот регистар го поништила решението на Централниот регистар

Се случуваат девијантни моменти, односно непочитување на волјата на членовите на синдикатот за сообраќај и врски. Одлуката за поништување на решението на Централниот регистар, од страна на второстепената комисија при Централниот регистар, за легитимно избраниот претседател на синдикатот, Методија Димески, е неразбирлива и бесмислена, бидејќи тоа не е орган кој одлучува за доделувањето и признавањето на функцијата, туку тоа е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

 -Второстепената комисија на Централниот регистар го има поништено решението на Централниот регистар и на местото од Методија Димески, легитимниот претседател, впишано е Миќо Стојановски. Ние имаме повеќе дописи испратени до Министерството за труд и социјална политика каде што им укажуваме дека е направена промена во Централниот регистар, рече претседателот на синдикатот.

Претседателот Димески веќе три месеци не може да ја врши функцијата за која е избран. На 28.01.2020 година синдикатот прави ново изборно собрание, каде што повторно со едногласна одлука избран е Методија Димески и со тоа уште еднаш се потврдува волјата на повеќе од 3000 членови на синдикатот.

 -И се поставува прашањето, како е можно лице кое не е член на синдикатот за сообраќај и врски, да биде впишано во Централниот регистар како лице кое го претставува синдикатот. Ние повторно го алармиравме Министерството за труд и социјална политика, но за жал таму наидовме на ѕид, изјави Димески.

 Од синдикатот велат дека се подготвени за овој проблем да ги известат сите странски амбасади во државата, техничкиот премиер Оливер Спасовски и Лука Висантини, претседателот на европските синдикати.