Како што зема замав ширењето на заразата од Ковид 19, така и прашањето за безбеден секс се почесто се поставува, особено поради тоа што веќе неколку месеци светот за занимава со Корона вирусот, кој се повеќе се шири. Превентивата за заштита од Корона вирусот веќе е позната, но дали е доволна заштитата само со миењето раце и избегнувањето на контаминирани простори, бидејки, според експертите, можно е да си заразен а тоа да не го знаеш. Затоа стравот меѓу партнерите е нормален и оправдано е прашањето за заштита при сексуалниот однос за време на Корона вирусот. Или дали треба да се воздржуваме од сексот? На ова прашање побаравме одговор од професор. д-р Владимир Георгиев од Клиниката за урологија, при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кој вели:
-Сексуалниот живот треба да продолжи, но партнерите треба да знаат дека тоа е аеро преносливо воспаление и тоа најчесто преку устата. Кога станува збор за сексуалноста тоа подразбира и близок контакт, кој, пак, не подразбира само бакнување. Близината на устата може да биде причина за зараза не само од корона вирус туку и од други вируси. Иако Корона вирусот е нов и содржи многу непознаници, сепак, со сигурност знаеме дека вирусот Ковин 19 по предметите може да живее долго време, дури до девет часа и повеќе. Тоа значи дека е доволно време да се заразите ако предметите ги фаќате со раце а потоа ги фаќате и гениталиите. Овде не станува збор за пренесување на заразата само на гениталиите кај мажот или жената, туку и секаде каде има слузокожа, а тука спаѓа усната шуплина, очите.. Значи допирање на гениталиите со контаминирани раце може да предизвика зараза.
Дали треба да се апстинира и дали е доволна апстиненција од сексот, ако не се придржуваме на основните препораки за превенција, професорот вели, дека не мора да се апстинира, но дека треба да се биде многу внимателен.

-Од една страна не. Секако дека не. Но, друга страна, пак, не ќе водат љубов со маски. Одлуката е на партнерите. Но, партнерите треба да знаат дали биле експонирани, дали биле во контаминирани зони. Ако е така тогаш советот за нив е 14 дена апстиненција, да се воздржат од секс колку што трае инкубацијата. Бидејки, генерално за овој вирус превентивата е најважна, а дека нема лек тоа сите го знаат. Но, не може да се каже и дека треба да имаат секс без бакнување. Тоа е механика. Затоа лугето треба да сватат дека мора да внимаваат во контактот со различни и ризични личности или места. Затоа мора сами да решат дали да се воздржат од сексот како превентива, барем додека трае инкубацијата, вели професорот.
Лесно е ако заразените луѓе и места се познати, но што е со луѓето околу нас, кои секојдневно ги среќаваме. Никој не може 100 проценти да биде сигурен ниту за себе ниту за луѓето околу нас дали се или не се заразени. Што тогаш?
-За тоа нема решение. Кога би имало решение не би се ширела епидемијата, туку тој ланец на ширење би се прекинал. Во моментов најопасни се лугето кои се заразни од вирус а немаат симптоми и не се свесни дека го имаат. Бидејки тие со симптоми се јасни и изолирани. Апстиненцијата од секс во моментов е најдоброто решение за партнерите. И тоа не само апстиненција од секс, туку и апстиненција од самозадоволување. Во овој случај фаќањето на гениталиите и кај мажите и кај жените со валкани раце не е дозволено. Никој не е сигурен дали рацете му се заразени со вирус. Препорака за миење раце има, треба само да се почитува и кога станува збор за интимниот контакт. И мобилниот телефон може да биде контаминиран, парите, облеката.. Значи мора да се мијат раце и да не се биде во близина на еден метар со друга личност, тоа е една од поважните превенции, вели професорот Георгиев.

И светските експерти советуваат воздржување од сексот.
-Ова е нов вирус, тоа што го знаеме е дека се шири преку кивање и кашлање. Експертите велат дека случајот е ист и со коронавирусот, но треба да се направат повеќе истражувања, рекол докторот Симран Део од Велика Британија.
Заразата со коронавирус може да има и фатални последици, без разлика на тоа дали за време на сексот сте користеле кондом или не. Сексот со личност која е заразена од коронавирус или се наоѓа во карантин после лечењето, не е препорачлив, советуваат и светските доктори и додаваат дека партнерот нема да го спасите доколку се закашлате и ја свртите главата, бидејќи тогаш вирусот се шири преку воздухот и ја напаѓа другата личност. А бакнувањето со личност која е заразена исто така е забрането и најдобро е да се воздржите од интимност.
Фото: express.co.uk/ insidehook.com


