Кој вели дека чесноста целосно изумрела?: Одличен пример од српски паркинг – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/20 11:38 AM

Кој вели дека чесноста целосно изумрела?: Одличен пример од српски паркинг

Колку пати ви се случило некој да го удри вашиот автомобил додека не сте во него на паркинг или на улица, а виновникот да избегал од самото место без трага и глас? Ретко кој не доживеал такво искуство. А ретки се оние на кои виновникот им оставил телефонски број за да ја надмомести штетата што ја направил. Затоа, приказната од срспки паркинг што ја објавуваат повеќе белградски медиуми делува несекојдневно, пример што зборува дека чесноста кај луѓето се’ уште целосно не изумрела.

На социјалните мрежи се појавила фотографија што била залепена на дрво на паркинг. Во неа сопственик на возило му се заблагодарува на непознат возач кој му оставил пари за штета што му ја предизвикал ненамерно при паркирањето. Но, како што се покажало, пари не биле потребни, бидејќи штета на удреното возило имало и пред тој контакт. Тоа самиот сопственик на оштетениое автомобил го признава.

„Би го замолил чесниот човек кој вчера ( на 5 март) овде на паркингот закачил „рено клио“ и оставил пари за отштета. Ако повторно го види истиот автомобил на паркингот да ми остави број на телефон на бришачот за да му ги вратам парите, бидејќи 90 отсто од штетата на мојот автомобил постоеше и порано“, напишал анонимниот сопственик на удрениот автомобил.

Оваа порака предизвикала големо воодушевување на социјалните мрежи, пишува „Блиц“.