Измени во рускиот Устав: Путин може повторно да се кандидира за претседател – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/20 11:32 AM

Измени во рускиот Устав: Путин може повторно да се кандидира за претседател

Руската Државна дум ги усвои измените на Уставот, со кои на Путин му се озозможува повторно да се кандидира за претседател по истекот на актуелниот мандат во 2024 година.

Пратениците на Долниот дом на рускиот парламент во третиот и последен круг од гласањето уставните измени ги усвоија со 383 гласа и 43 воздржани. Никој не бил против.

Законот, како што пренесува ТАСС, ќе биде проследен до Советот на федерацијата, кој денеска попладне ќе го разгледува.

Предологот за уставен амандман со кој на Путин би му се овозможило повторно да се кандидира вчера го поднесе пратеничката на владејачката Обединета Русија, првата жена во вселената, Валетина Терешкова.

Путин (67), кој на власт е 20 години, синоќа го поддржал предложениот уставен амандман.