Некогашната филмска звезда Кори Фелдман, во својот нов документарец изнел шокантни податоци. Звездата на култниот детски филм “Гуниси”, Кори Фелдман, кој со години наназад тврди дека Холивуд е полн со педофили. Тоа никогаш не го поткрепи со докази, ниту, пак, откри за која личност станува збор, бидејки се плашел од одмазда. Тој за оваа информација барал надомест од милион долари за да има пари да си обезбеди адвокат кога, како што навел, „ке тргне хајката против него“, но никој никогаш не му ги дал тие пари.
Фелдман дури сега во неговиот нов документарен филм изнел шокантни податоци и тврди дека детската ѕвезда која починала на 29 години од воспаление на белите дробови, ја силувал Чарли Шин. Фелдман во документарецот „Моја вистина“: Силовањето на двата Кори, кој е емитуван на фестивалот во Лос Анѓелес, ги откри имињата на луѓето кои ги злоставувале него и неговиот другар кога биле деца и раскажал дека Кори Хејм до детали му опишал како Чарли Шинг, како 13 годишник, го силувал актерот кој е заболен од ХИВ, кога имал само 19 години.
“Ми рече дека го силувал среде бел ден. Дека го бутнам меѓу две приколку и го нападнал“, рекол Фелдман во документарецот, изнесувајки и детален опис што се таму му правел. Во документарецот уште неколку луѓе потврдиле дека Хејм истото им го раскажал.
По ова преку адвокат се огласил и Чарли Шин и рекол:
“Овие болни тврдења се лага. Точка. „
Оваа оптужба не е новост – пред две години исти тврдења изнесе и актерот Доминик Браска, но и тогаш Шин на оптужбите напиша само- „будалаштина“.
Извор: Мондо.рс
Фото: drukciji.ba