Клучните стопански капацитети во кинескиот град Вухан, епицентар на заразата со коронавирус која досега однесе повеќе од 4.000 човечки животи, ќе продолжат со работа, соопши владата на провинцијата Хубеи.
На вработените во секторите, како јавен превоз, медицинско снабдување, но и на производителите на секојдневно потребни артикли во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи, ќе им биде дозволено да се вратат на работа, исто како и на вработените што се дел од национални или глобални синџири за снабдување, пренесува „Ројтерс“.
Привремените болници во Вухан примија повеќе од 12.000 пациенти. Завчера во градот беа регистрирани 17 нови случаи заразени со коронавирус, што е првпат во еден ден да има пријавено помалку од 20 случаи.
Вчера Вухан го посети кинескиот претседател Си Џипинг.



