Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје нема да работи во наредните 14 дена. Во соопштението на СЦ „Борис Трајковски”, се вели дека оваа одлука е донесена согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство.
– Се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, дека од 11 март 2020 , па во наредните 14 дена, нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика, информираат од СЦ “Борис Трајковски”.