Важна Информација до сите возачи кои ја возат Италија:
Италијанската влада донесе одлука дека во сите овие региони е забранет ВЛЕЗ и ИЗЛЕЗ, бидејќи бројот на заразени од коронавирусот во овие региони од ден на ден е се поголем!
Се работи за регионите: Венеција, Падова, Тревизо, Модена, Парма, Пијаченца, Реџо Емилија, Римини, Песаро е Урбино, Асти, Вербано-Осола, Верчели, Новара и Александрија – каде што се тврди дека нивото на вирусот е со највисок степен!
Забраната важи само за населението на зоните, транспортот се одвива регуларно.
Дозволен е влез и излез, како и транзит на возила за дотур на храна и основни средства.
Исто така дозволен е влез за сите фирми кои работат.
Возачите не смеат да се симнуваат од возилото непотребно, а забранет е влез во канцеларии и јавни простории. Оддалеченоста од другите возачи или вработени, би требало да биде на еден метар.
Од 10.03.2020 цела Италија е под карантин, во најзагрозените зони е забрането влез и излез, а полицијата ги контролира излезите од градовите.
Секој оној кој нема да ги почитува овие санкции, ќе биде притворен три месеци и казнет со 2000€.
Во споменатите места затворени се сите музеи, спортски сали, базени, театри, присуствување на јавни натпревари итн.