Државната комисија за спречување на корупцијата даде мислење за разрешувањето на директорката на кожна клиника која е заболена од Корона вирусот, дека случајот не е поврзан со изборниот процес туку дека се работи за прекршување на етичките правила
„Денеска разговарав со претседателката на ДКСК и таа ми укажа дека кога има ваква итност може да се направи тоа, така да денеска ќе биде направено тоа и ќе се назначи В.Д директор и покрај тоа што нема работен процес на клиниката за дерматовенерологија има работи кои течат тековно и некој треба административно да ги извршува“, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција , Венко Филипче
Во текот на денот до јавноста ќе бидат доставени повеќе листи на доктори специјалисти по дерматовенерологија кои ги дадоја своите контакти со цел пациентите да им се обратат доколку им е нешто потребно во смисла на продолжување на некаква терапија или консултација.Со оглед на тоа што во најголем број од случаите патологијата е таква да бара само контрола или продолжување на терапијата оваа мерка ќе им биде од голема корист на пациентите, истакна Филипче


