Богоев: Три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ се во домашна изолација – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 1:53 PM

Богоев: Три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ се во домашна изолација

Докторка која присуствувала на симпозиумот заедно до директорката заразена од корона вирусот, минатата недела држела предавање за превенција од вирусот во основото училиште „Братство“. Истата е во домашна излоација, како и нејзините две деца кои учеле во исто именото училиште.

Додека три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ се во домашна излоација, бидејќи ниен родител бил дел од симпозиумот каде присуствувала директорката од Клиниката за дерматологија.

„Уште во текот на вчерашниот ден известивме дека на 3 ти март 2020 година (вторник), во населбата Тафталиџе се одржувала превенција од корона вирусот во две одделенија, од четврто и седмо одделение од докторка вработена на Клиниката за дерматологија. Во изјава докторката посочува дека пред одржување на предавањето во „Братство“, таа не била во директен контакт на Клиниката, Нина Цаца. Докторката е во излоација како и нејзините две деца кои учат во „Братство“. На ова предавање имало уште две докторки од Клиниката за дерматологија, но како што тврдат и тие не биле во директен контакт со директорката, но и тие се во домашна излоација. Исто така три ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во населбата Козле се во домашна излолација затоа што нивните родители биле дел од симпозиумот кој се одржал во ресторанот „Рагуза“. Формиравме Комисија за следење на состојбата, превенција и справување со вирусот при што на дневно нивно се следи присуството и отсуството на ученици и наставен кадар“, вели градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.