Вистинските и психолошките години се разликуваат. Психолошката старост е кога човек е самосвесен, неговото однесување ја следи внатрешната состојба, односно начинот на кој сечувствуваме себе си во голема мера го одредува нашето здравје, активности и изглед. Што им овозможува на некои луѓе да останат млади и на 60 или 70 години, а некои да бидат стари и на 25 години.
Некои од студиите велат дека „многу е важна генетиката“, други дека „здравиот начин на живот е поважен“, додека трети велат: “Расправајте се колку сакате, но, факт е дека животниот век е продолжен, што значи дека е време да се препознаат промените во старосната класификација.”
Последните податоци од истражувањата велат дека младо доба трае до 25 до 44 години, средно доба од 44 до 60 године а старо доба е од 60 до 90 години. Но, без оглед што зборуваат истражувањата да се остане млад во душата е многу тешко. За тоа како ќе ни старее душата зависи од нашата психологија, внатрешните ставови и односот кон животот
Знаци на психичка старост:
Главната хипотеза на најновите истражувања вели дека мозокот ја одредува брзината на нашето стареење. Што значи тоа? На почетокот мозокот е многу зафатен, учи за светот, му помага на човекот да се запознае себе си, си го наога своето место и ги разбира законитостите на животот. Целото тело е вклучено во овие процеси и работи до крајните граници. Но, штом светот ви постане неинтересен, штом ќе престанете да поставувате прашања, учите, штом ќе се изолирате од сите видови активности, тогаш почнува стареењето.
Психолошката старост има свои модератори:
- Однос со времето – штом ќе очнете да размислувате дека сите важни работи во вашиот ивот се случиле воминатото, тоа значи дека кај вас поčела психолошката старост. Психолошките старци живеат со сеќавање, а психлошките млади со планови. На Запад е нормално човек од 60 година да учи да игра, да иде на факултет, да учи странски јазици, патува. Кај нас, пак, е нормално човек од 30 години да се затвора во својот зачмаен круг на семејството, мислејки дека е во години кога од него се бара да се смири.
- Став кон ограничувањата – психолошки младата личност е полна со сила и можности. Таа личност е свесна дека сите убави и лошо работи зависат само од неа. Психолошки старата личност сама на себе си наметнува многу ограничувања- „не можам да скокам од падобран“, „не можам да пливам, студено е“ имогу други.
- Степен на развиеност на емоционалните компетенции – психички младата личност лесно ќе реагира на стресни ситуации. Ќе развива нови пријателства, ќе ги одржува старите… Психички старата, пак, се ќе доживува како извор на стрест. Дури и радоста ќе биде стресна за неа.
Ако сакате да останете вечно млади, помести ги границите. Верувај во себе, во своето тело, своите можности. Научи да ушравуваш со емоциите и заблагодари му се на животот.
Извор: kurir.rs
Фото: pinterest.com