Светските стручњаци постојано советуваат на сите можни мерки за да се заштитат од корона вирусот. Миење раце и чиста облека, редовна дезинфекција на се што често допирате дома се само дел од препораките. Но, дали сте знаеле дека опасност од заразата со корона вирус се наоѓа во накитот и чантите.
Медицинска сестра од австралија на својот Фејсбук профил објави уште неколку начини преку кои може да се шират микробите а тоа се накитот, ствањето на чантата на креветот, пренесува „The Syn“.
“Признавам дека по малку сум фрик за чистење и многу се плашам од бактерии и вируси. Ќе ме разберете кога би ги виделе сите глупости кои јас ги гледам во болница. Но, јас сум медицинска сестра и затоа хигиената на рацете за мене е многу важна“, напишала таа.
Таа кажала и дека чантите и облеката никако да не ги ставате на кревет во кој спиете и задолжително да се туширате пред спиење. Порано стручњаците советуваа дека мобилниот телефон задолжително треба да се чисти, но и накитот може да крие бактерии. Оваа медицинска сестра секојдневно со алкохол или дезинфекциско средство го чисти свршеничкиот прстен.
Внимателно и во јавните тоалети.
“Тоалетната школка секогаш ја дезинфецирам со препарати кои си ги носам во чантата. Најчесто и покрај тоа дополнително ја обложувам со тоалет хартија, па дури потоа седнувам на неа. Не помалку ваѓно е кога ке ги измиете рацете да не го користите електричниот сушач за раце. Бактерии се полни и во комбинација со топлина се создаваат идеални условиза размножување на вируси. Секогаш бришете ги рацете со хартија а ако не само протресете ги рацете и уште еднаш дезинфицирајте ги“, напишата таа.
Фото: alo.rs


