Врховен ја одби жалбата на Јово Вангеловски за неговото разрешување – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 11:26 AM

Врховен ја одби жалбата на Јово Вангеловски за неговото разрешување

Жалбениот совет при Врховниот суд  ја одби како неоснована жалбата од поранешниот претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет.

Како што соопшти Врховниот суд, на вчерашната седница одбиена е жалбата на Вангеловски од 23 септември 2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд.

Вангеловски беше разрешен поради несовесно вршење на функцијата.

За в.д. претседател на Врховниот суд беше избран судијата Фаик Арслани, откако Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски.

MИА