Роналдињо, еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, поминува низ многу тежок период од животот откако претходната седмица беше фатен со фалсификуван пасош во Парагвај. Бразилската фудбалска ѕвезда и неговиот брат, очекувајќи судење, сега се наоѓаат во затворска ќелија заедно со криминалци и дилери.
Судењето за нелегално влегување во Парагвај може да потрае и до половина година, но јужноамериканските медиуми очекуваат, поради популарноста, Роналдињо да не чека толку долго.
Дотогаш Роналдињо и брат му ќе бидат во зградата на Националната полиција на Паргагвај, со другите прекршители на закони, кои, исто така, очекуваат судење. Оттаму на социјалните мрежи се појавија фотографии на фудбалската ѕвезда со новото друштво. Интересно, Роналдињо и во притвор не ја симнувал неговата позната насмевка на лицето што го красеше додека беше и на врвот на славата.