Промоција на книгата „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија” – зборник документи – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 7:49 AM

Промоција на книгата „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија” – зборник документи

Оддел за образование и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, по повод 77 години од депортирањето на македонските Евреи во Треблинка, денеска ќе ја промовира книгата „Базичното Антисемитско законодавство на Царството Бугарија” – Зборник на документи, на авторите Скендер Асани, Нора Малиќи Зулали и Владо Поповски.

Како што е најавено, се очекува поздравен говор да има претседателот на Собранието, Талат Џафери.