Оддел за образование и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, по повод 77 години од депортирањето на македонските Евреи во Треблинка, денеска ќе ја промовира книгата „Базичното Антисемитско законодавство на Царството Бугарија” – Зборник на документи, на авторите Скендер Асани, Нора Малиќи Зулали и Владо Поповски.
Како што е најавено, се очекува поздравен говор да има претседателот на Собранието, Талат Џафери.


