Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус повторно е на врвот на табелата, откако синоќа во дербито на 26. коло го совлада Интер со 2:0.
На натпреварот одигран без публика поради коронавирусот, стрелци на головите беа Арон Ремзи и Пауло Дибала, двата во второто полувреме.
По оваа победа, Јувентус има 63 бода, еден повеќе од второпласираниот Лацио и девет од Интер кој е трет и со натпревар помалку.
Извор: denar.mk