Една рака ореви еднаш неделно го продолжува животот на жените, затоа што го одржува телото поздраво, вели новото истражување.
Научниците откриле дека жените во доцните педесети и раните шеесети, кои консумираат ореви барем еднаш неделно, се поздрави.
Откако ја поминале 65-тата година, немале никакви ментални, физички, срцеви заболувања, како ни проблеми со памтењето.
Авторите на студијата користеле резултати од 33.931 жени. Консумирањето на ореви е единствена навика, после вежбање, која била поврзана со здравото стареење.
„Не постои само една животна навика која старите лица ќе ги задржи здрави, но кога имате неколку од овие помали, тие дефинитивно делуваат и помагаат“, изјави д-р Франсин Гродштајн од Универзитетот Харвард.
Во споредба со другите јаткасти плодови, оревите содржат најголема количина на омега-3 масни киселини. Само 30 гр ореви содржат 2,5 грама алфа-линолеинска киселина (ALA), полинезаситени масти кои се неопходни во исхраната.
Оревите содржат и антиоксиданти, молекули способни за забавување или спречување на оксидација, така што конзумирањето храна со антиоксиданти може да ги заштити клетките од оштетување предизвикано од процесот на стареење.
Извор: denar.mk