Вчера утро во село Бањица, во Општина Чашка, околу 9 часот од својот дом исчезна деветгодишната Ешуриме Беќирова. Штом родителите откриле дека детето го нема пријавиле во полициската станица во Чашка и се организирала потрага од локалните жители.
Во акцијата се пребарала околината на селото додека нуркачи го пребарувале коритото на Бањичка река. Потрагата траела до утрово, до 7 часот. Тогаш телото на удавеното девојче било пронајдено и извадено од речното корито.
По наредба на Јавен обвинител телото е предено на семејството.
Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот фејсбук профил објави дека по десечасовната потрага е пронајдено и извадено од надојдената река мртвото тело на детето. Стојановски изразувајќи сочуваство за трагедијата до семејството Беќирови соопшти дека станува збор за голема загуба како на семејството така и за граѓаните на општина Чашка и училиштето „Тодор Јанев” во населба Чашка.
„После вчерашното исчезнување во с.Бањица околу 09 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на мала река и вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото. Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас.
Сочуство до семејството.” напиша Стојановски.