Зголемен водостојот на поголем дел од реките – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 12:10 PM

Зголемен водостојот на поголем дел од реките

Поголем дел од реките во државата имаат поголем водостој од мартовскиот просек. Исклучок се Црна Река, Црн Дрим и реката Струмица.

Најновите хидролошки мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека речиси двојно е зголемено нивото на реките Треска и Сатеска од мартовскиот просек.

Зголемување на водостојот во однос на денешните мерења се очекува кај реката Струмица и Црна Река.

Кај езерата под „нула кота” се Преспанското и Охридското Езеро.