Хари Мата Хари ограбен, остана без ролекс вреден 15.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 11:59 AM

Хари Мата Хари ограбен, остана без ролекс вреден 15.000 евра

Балканската музичка ѕвезда Хари Мата Хари остана без својот часовник ролекс вреден 15.000 евра.  Кражбата се случила неодамна во хотел во Белград, додека тој бил гостин на српскиот избор за песна на Евровизија. Како се слушила кражбата се уште не е разјаснето, пејачот сватил дека останал без скапиот часовник кога се вратил во соба по настапот.

– Хари го оставил часовникот на масата во собата во хотелот  и заминал на настап, каде се задржал неколку минути.  Кога се вратил во собрата бил шокиран. Веднаш се симнал на рецепсија  за да ја пријави кражбата и да ги побара снимките од сигурносните камери. Персоналот му излегол во пресрет и веднаш му ги покажале снимките. Но, освен чистачките, кои тука работеле долги години  никој не бил забележан во ходникот на првиот кат. Никому не му било јасно како е можно на пејачот да му снема толку вреден часовник. Кога повторно влегле во собата виделе дека пејачот заборавил да ја затвори вратата од тераса, раскажал извор близок на пејачот за српските медиуми.

Фото: Инстаграм