Обид за убиство на премиерот на Судан – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 10:23 AM

Обид за убиство на премиерот на Судан

Премиерот на Судан, Абдула Хамдок преживеа обид за убиство во престолнината Картума, каде одекна експлозија, а мета бил, како што пренесуваат националните медиуми, конвојот на премиерот.

Семејството на премиерто соопштило дека е тој безбеден, а за сега никој не презел одговорност за нападот, пренесува АП.

Абдала Хамдок е именуван за премиер во август минатата година после продемократските протести кои ја примораа војската да го тргнат од власт претседателот Омар ел Башар и на чело на земјата ја донесе цивилната влада.