Денеска почнува РОБОМАК, меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 7:41 AM

Денеска почнува РОБОМАК, меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии  ФЕИТ во Скопје денеска ќе биде отворено 10. издание на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција РОБОМАК.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјава и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Self Racing Cars, Sumo, Line Follower, Maze, Machine learning, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од тие области.

Од ФЕИТ најавија дека на отворањето ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски и на ректорот на УКИМ,  Никола Јанкуловски.

Завршниот настан на неколкудневната манифестација е в сабота со почеток во 18 часот во Домот на АРМ