Време: Од утре стабилизација, од среда и пролетни температури – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 6:55 AM

Време: Од утре стабилизација, од среда и пролетни температури

Времето денеска, според УХМР, ќе биде претежно облачно и свежо, во источните делови со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Од утре во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, а од среда и со значителен пораст на дневната температура.