Oблачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови, ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80км/час). Максималната температура до 16 степени.
Таква е прогнозата на УХМР за денеска. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално во јужните делови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.



