Експлозија во близина на американската амбасада во Тунис – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/20 12:32 PM

Експлозија во близина на американската амбасада во Тунис

Експлозија одекна близу американската амбасада во Тунис. Според „Ројтерс“ се работи за бомбаш самоубиец.

Очевидци на настанот кажаа дека човек на мотор се разнел близу до амбасадата и предизвикал паника помеѓу пешаците кои се движеле околу.

Туниското министерство за внатрешни работи ја потврди експлозијата, но не даде повеќе детали.

Американската амбасада во Тунис, на твитер објави дека персоналот за итни случаи реагирал на експлозијата.

Се очекуват повеќе детали за случајот.