Судирите избиле утринава на турско-грчката граница, кога грчките сили употребиле солзавец и водени топови за да ги сопрат мигрантите, додека турските граничари истрелале големи количества солзавец на грчката страна од границата, јавува АП.
Илјадници мигранти и бегалци се обидуваат да влезат во Грција неделава, откако Турција, која практично ги чуваше границите на Европа, одлучи да не ги спречува мигрантите да преминат во Европа и во земјите на ЕУ. Атина тие судири ги окарактеризира како закана за националната безбедност, наведува „Ројтерс“.
Состојбата на грчките граници стана сериозна кога Турција пушти околу 130.000 бегалци и мигранти, кои тргнаа кон Европа по старата балканска рута, која во добар дел е затворена по мигрантската криза од 2015 година.


