Апел за помош на малите Давид и Катерина кои имаат оштетен вид – ММС
ММС

Објавено на: 06/1/18 1:26 PM

Апел за помош на малите Давид и Катерина кои имаат оштетен вид

Апел до институциите и до сите хумани граѓани да им се помогне на Давид и Катерина Рујковски кои имаат оштетен вид. Се работи за деца на десетгодишна, односно тринаесетгодишна возраст кои поради оштетениот вид, имаат потреба од специјални ТВ лупи, со чија помош подобри би се вклучиле во образовниот процес.

Таткото Перо Рујковски тврди дека овие лупи треба да се набават од соседна Бугарија, а само една од лупите чини 10 000 долари.

Семејството Рујковски од село Миравци не располага со оваа сума, со оглед на тоа дека и двајцата родители се невработени. Таткото апелира да им се помогне на децата, бидејќи поради здравствениот проблем тие не можат да ги извршуваат своите редовни обврски на училиште.

Донациите можат да се уплатат на хуманитарните сметки:

Давид Рујковски

300101000001840 Комерцијална банка

Катерина Рујковска

300101000001937 Комерцијална банка

Граѓаните кои сакаат да стапат во контакт директно со родителите, може да се обратат на телефонскиот број 070 255 982.