Илјадници луѓе се собраа во војводинското село Турија за да го видат и пробаат, како што велат организаторите, најдолгиот колбас во светот. Колбасот, долг 2.036 метри и тежок повеќе од два тона, беше донесен со трактор, а на присутните на настанот им е продаван по цена од 500 динари за килограм, јавуваат српски медиуми.
На настанот присуствувал и српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ.
„Србија нама големи резерви на нафта, нема море, но храната е нашето море, нашата нафта, нашето злато“, рекол министерот.
Ранислав Станков, претседател на Здружението на колбасичари од Турија, соопштил дека колбасот го правеле десетина готвачи, а им биле потребни три дена.


