Наместо вода, во италијанско гратче од чешмите течело квалитетно црвено вино – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/20 10:34 AM

Наместо вода, во италијанско гратче од чешмите течело квалитетно црвено вино

Жители на населба во близина на италијанскиот град Кастелветро ди Модена првин многу се збуниле, а потоа и многу пријатно се изненаделиле кога виделе дека од чешмите наместо вода почнало да им тече вино. Искусните за вино граѓани веднаш утврдиле и за какво вино станува збор – квалитететното пенливо црвено вино што се произведува во нивното гратче „ламбруско граспаросе“, пренесува „Газета ди Модена“.

Поради техничка грешка, низ градската водоводна мрежа почнало да тече виното од блиската винарница. Од водоводот реагирале брзо, па грешката, за среќа или за жал на граѓаните, набрзо била отстранета. Сепак, многумина се обезбедиле со значителни вински залихи од чешмите.

Локалните власти му се изниниле на населението, но овој несекојдневен настан го потегнал прашањето за квалитетот на водоводниот систем.