Новиот документарец за Хилари Клинтон откри нешто повеќе за секс-скандалот во Белата куќа, за нејзиниот сопруг Бил и Моника Левинска. Клинтон во документарецот кажал дека кога ја запознал Моника, бил под голем стрес поради работата, дека аферата со неа му помогнала да се носи со своите проблеми и да ги тргне мислите.
Тој и овој пат јавно и се извини и рече дека му било жал што станала позната поради нивната секс врска. Кога пред две години Клинтон зборуваше за скандалот на светската јавност и се згади од него кога рече дека не и должи извинување, додека сега во документарниот филм рекол дека во 1998 година морал се да и раскаже на Хилари, по што следувало и мачно брачно советување, пренесуваат “24 сата”.
-Седнав на кревет и и раскажав се што се случи и кога се случи. И признав дека се чувствувам грозно, бидејќи многу работи се случија последните години. А тоа што го направив не се простува, рекол Бил во документарецот.
Пред камерите за тој скандал прозборила и Хилари.
– Бев скршена, толку ме повреди што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажел. Му реков дека мора на ќерка ни да каже што направил, што му падна многу тешко, рекла Хилари.
Кога го прашале зошто го ризикувал бракот, семејството и кариерата, Бил кажал дека во тој момент не мислел за тоа, туку поради притисокот на должноста во Белата куќа, кој бил преголем му требало нешто да ги сврти мислите.
– Тоа не ми е оправдување, се чувствувам ужасно, кажал тој.
Сопружницитеморале да посетуваат брачен советник . Хилари кажала дека тие сеанси биле преполни со болни расправии.
– Тоа беше најтешката работа што морав да ја направам, но беше потребно. Хилари и ќерка ни Челси тоа го заслужуваат, рекол Бил.
Фото: hollywoodreporter.com