Претпладне од запад ќе се прошири облачност. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови. Максималната температура се очекува да достигне до 17 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, пообилни в сабота (над 20 л/м2) кога ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. В сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец. В недела ветерот ќе се смени во северен. Од понеделник се очекува стабилно време, без врнежи.



