Перформанс на Васил во спотот за евровизиската „You“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/20 8:55 AM

Перформанс на Васил во спотот за евровизиската „You“

Во недела со песната ќе  биде промовиран и спотот за песната „You“ со која Васил Гарванлиев ќе настапи на годинашното издание на Изборот за песна на евровизија, која ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија. Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.  Спотот е снимен во кафе барот „Черчил“ во Скопје.

Според договорот на МТВ и ЕБУ песната за македонската јавност  ќе биде на 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видео спот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски Јутјуб канал ( https>//www.youtube.com/user/eurovision) во точно 20:00 часот.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната,  заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Фото: Наташа Величковска