Како коронавирусот ја натера Јапонија да го преиспита својот концепт на работа ,,од утро до мрак” – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/20 4:08 PM

Како коронавирусот ја натера Јапонија да го преиспита својот концепт на работа ,,од утро до мрак”

Како јапонските власти ги повикуваат компаниите да го скратат работното време и да им дозволат на работниците да работат од дома, јавноста сè повеќе го преиспитува основниот концепт на јапонската работна култура.

Со децении, се верува дека во Јапонија клучот за секој успех е долгата работа. Во јапонските компании, вработените не можат да си одат дома пред своите шефови, а и шефовите работат многу повеќе отколку што се навикнати Европејците и Американците.

Јапонските студенти остануваат во училиштата далеку подолго од нивните европски колеги, сметајќи дека знаењето и работата се клучот за успехот на нацијата која практично нема минерални богатства.

Минатата недела премиерот Шинзо Абе, во драматичен повик за борба против ширењето на корона-вирусот, повикал на затворање на училиштата, како и борба против традиционалните табуа на јапонските фирми за работа „од утро до мрак, без оглед на тајфуните и земјотресите“.

Се чини дека големите јапонски компании како Panasonic и Mitsubishi почнаа да ги усвојуваат овие мерки наведувајќи ги своите вработени да работат од дома. Оваа промена ги наведува работодавците да воведат пофлексибилен стил на работа, но и да ги преиспитаат своите критериуми за добро завршена работа.

„Работодавците во Јапонија немаат развиен систем за проценка на работата на своите работници, и многу внимание ставаат на бројот на часови поминати на работното место“, наведува професор на еден универзитет во Токио.

„Работата од дома е само мал дел од проблемот, вистинскиот проблем е реалната продуктивност на работниците“.

Јапонските работници се познати дека доаѓаат на своите работни места дури и кога се болни, во деновите кога официјално се на годишен одмор, за да ги задоволат своите работодавци. Во денешната ситуација тоа апсолутно одмогнува во борбата против епидемијата.

Извор: denar.mk