Цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,4 отсто, алкохолни пијалаци за 0,7 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 0,4 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,1 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − февруари 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, остана на исто ниво, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,1 отсто.
Извор: denar.mk