Недостатокот на делови за индустриите кои се произведуваат во Кина поради избувнувањето на коронавирусот минатиот месец резултираше со пад на извозот од други држави во светот за 47 милијарди долари, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за трговија и економски развој.
Тоа тело на ООН, наведува дека податоците од кинеската економија покажуваат пад од два проценти, што доведува до недостиг на делови за автомобилската, хемиската, комуникациската и другите индустрии во други земји и пад на нивниот извоз.
Во падот на извозот од 47 милијарди долари, една третина го прави извозот на Европската унија на 15,6 милијарди долари, извозот на Соединетите Американски Држави на 5,8 милијарди и Јапонија на третото место со пад од скоро 5,2 милијарди долари.
Извор: denar.mk