Бразилскиот ас на маки: Роналдињо уапсен со лажен пасош во Парагвај – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/20 10:28 AM

Бразилскиот ас на маки: Роналдињо уапсен со лажен пасош во Парагвај

Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис вчера биле уапсени во Парагвај поради тоа што во таа држава влегле со фалсификувани пасоши.

Веста ја објавува „Ла национ“, а парагвајскиот министер за внатрешни работи открил дека обвинителите влегле во еден хотелски апартман во кој Роналдињо престојувал со братот. Таму биле пронајдени двта фалсификувани пасоша. Според пишувањето на парагвајските медиуми, властите биле во тек уште при самото слетување на авионот, но за да се избегне медиумска експонажа на аеродромот, апсењето го одложиле за подоцна. Бил приведен и Суса Лира, човекот што им ги набавил пасошите на двајцата Бразилци. Роналдињо и неговиот брат се задржани во притвор во хотелот, а денеска треба да сведочат.

Роналдињо вчера дошол во Парагвај за да ја промовира својата нова книга и да учествува на хуманитарен настан.