Со милијардите кои ги заработиле во текот на животот многу светски богаташи одлучиле парите место на децата, да ги подарат во хуманитарни цели, пренесува Insider. За некои од нив причината за ваквиот чекор е што со тие пари не сакаат да им го уништат животот на сопствените деца, па затоа е подобро да го дадат на тие на кои им е потребен. Уште додека се живи богаташите потпишале „Завет на добробит“ а тоа значи дека поголем дел од своето богатство по нивната смрт ќе го подарат во добротворни цели. Еве некои од нив:
Кирк Даглас поголем дел од богатството, кое изнесува 61 милион долари, го даде хуманитарно. Тој парите ги остави на фондацијата „Даглас“, која ја основа 1964. година со својата сопруга. Парите ги даде за болници, училишта и театри. Ниедно од неговите деца не доби ништо.
Џоан Кофорд мал дел од парите ги остави на семејството и пријателите а поголем дел на хуманитарни организации. Кога умре во 1977. година, две од четирите деца не добија ништо. Во тестаментот напишата: “Моја намера е во ова да не го вклучам синот Кристефер и ќерката Кристина од причини што им се добро познати.” Лошиот однос со децата е опишан во мемоарите на нејзината ќерка, “Најдрага мамичке”.
Семејството на Џејмс Браун беше во шок кога дознале дека целото богатство е подарено на децата од Џорџија и Јужна Каролина. Тестаментот беше оспоруван и по многу години конечно се оствари желбата на Џејмс. Тогаш медиумите пишуваа дека дел од парите се за школарина за децата од Јужна Каролина, каде бил роден и децата од Џорџија, каде го поминал поголемиот дел од животот.
Милијардерите Бил и Мелинда Гејтс го направија истото. Богатството кое вреди 108 милијарди долари, ќе оди хуманитарно. Ова го направил за да ги охрабри познатите и богати луге да го направат истото. Овој пар е познат по тоа што не ги разгалиле децата. Бил во една прилика изјавил: „ Не е услуга на децата да им се остави богатство. Тоа уништува се што би можеле тие да направат сами, да го креираат сопствениот пат“.
Мајкл Блумберг, со богатството кое вреди околу 64 милијарди долари, ќе го направи истото. Во едно писмо напишал: “Ако сакате да направите нешто добро за своите деца и да им покажете колку ги сакате тогаш најдоброто што можете да го направите е да ги поддржите организациите кои ќе креираат подобар свет за нив а за нивните деца“.
Воен Бафет само еден процент ќе даде на семејството. Не е малку бидејки еден поцент од 82,3 милијарди долари изнесува 82,3 милиони долари. Што значи осигурани до крајот на животот.
Сајмон Кауел сите пари ќе ги подари на организации кои се грижат за децата и кучињата. Се покажа строг како судија во „Американски идол“, но и кон својот син. Во едно интервју рекол дека не верува во пренесувањето од генерација на генерација и дека парите ќе ги даде за хуманитарнои цели.
Бернард Маркус има богатство од 6,3 милијади долари. А 90 проценти од богатството го остава на фондацијата „Маркус“. Рекол: „Имам се што ми е потребно. Живеам добро. Сега живеам за тоа да најдам вистински работи каде ќе ги вложам парите, затоа очекувам да ми се вратат добрите емоции а и ќе направам нешто добро за овој свет“. Неодамна донираше 250 милиони долари во центар за аутизам.
Џорџ Лукас половина од милијардите ќе ги подари. Верува дека е подобро да одат хуманитарно отколку на семејството. Неодамна четири милијарди даде во организација за образование.
Џеки Чен место на синот половина од своето богатство кое се проценува на 370 милиони долари, ќе ги даде хуманитарно. Тој вели: „Ако е способен, може сам да заработи. Ако не е, тогаш ќе ги троши само моите пари.”
Елтон Џон рекол дека не сака да го уништи животот на свите деца ако им го остави целото богатство. Тој одсекогаш бил хуман. Ја основал фондацијата за борба против СИДА и од тогаш собрал 400 милиони долари. Уште пред четири години изјавил дека на децата ќе остави пари колку да ги осигура а остатокот ќе го подари.
Ендру Лојд Вебер планира парите да ги остави на театарската заедница. Англискиот композитор, кој ја компонира претставата „Фантомот од опера“, кој е вреден 1.07 милијади долари, парите ќе ги подари на театарската индустрија за која вели дека е заслужна за неговиот успех и дека сака да види како театарот се шири и да ги охрабри сите млади уметници и композитори.
Ештон Качер и Мила Кунис имаат заедно околу 265 милиони долари и планираат сите да ги подарат место да ги остават на децата. Качер рекол дека нема да прави фонд за своите деца туку дека парите ќе ги подари хуманитарно за разни цели.
Мери Осмонд смета дека ако парите им го остави на децата им прави „мечкина услуга“ и затоа ќе ги подари во хуманитарни цели.
“Можете да видите многу богати семејства во кои децата не знаат што да прават и само паѓаат во невољи, затоа ќе ги пуштам да бидат горди на она што ќе го создадат а јас своето ќе го дадам хуманитарно“, рекла Мери.
Марк Цукерберг во објавата на Фејсбук во 2015. година рече дека богатството од 82,6 милијарди долари нема да го остави на ќерќите, туку 99 проценти ќе ги донира.
” Сакам да растете во подобар свет отколку што е овој нашиот. Ние ќе го одработиме својот дел, не само затоа што ве сакаме, туку и затоа што имаме морална одговоност кон сите идни генеации”, напиша тој.
Тед Тарнер планира своите пари да ги остави на организација за заштита на животната средина и Фондација на Обединетите Нации. Основачот на Си Ен Ен планира да донира 2 милијарди долари на добротворни организации кои за цел ќе го имаат подобрувањето на животната средина во Обединетите нации.
“Гледајќи наназад, да имам прилика од почеток да го живеам животот, постојат работи кои би ги направил поинаку, но една работа не би сменил а тоа е моето подарување пари во хуманитарни цели“, напишал тој во писмо.
Фото: businessinsider.com