Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел смета дека сегашниот голман на тимот Давид Де Хеа не е доволно концентриран во последно време.
Шпанскиот голман направи голема грешка во натпревар со Евертон, откако буквално го подари првиот гол на „карамелите“, а тоа не е единствен случај оваа сезона.
Според Данецот, тој мора да се „стегне“, бидејќи ваквите грешки се неприфатливи кога игра за голем клуб како Јунајтед.
– Се работи за недостаток на концентрација. Кога голем клуб сака да освои титули, не може да си дозволи да дава слични подароци на ривалите. На седум натпревари, седум грешки резултираа во загуба на поени – тоа е премногу. Тој вид на работа е неприфатлив за голем клуб и Де Хеа треба да се „стегне“. Потребна му е поголема концентрација во важните периоди од натпреварот, рече Шмајхел.
Извор: denar.mk