Индустријата за игри на среќа во Макао, едно од најголемите туристички центри во светот, по петнаесет дневното затварање на хотелите и казината поради епидемијата од коронавирусот изгуби 90 проценти од месечните приходи, објави Bloomberg.
Специјалниот административен регион на Кина, кој од индустријата на игри на среќа добива седум пати повеќе приходи од Лас Вегас, овој февруари забележа 386,5 милиони долари приход од овој сектор.
Bloomberg известува дека двонеделниот карантин официјално е тргнат на 20 февруари, но дека Кина сè уште не издава единечни и групни визи за Макао.
Казината во Макао претходно беа затворени најдолго 33 часа, поради силниот тајфун во 2018 година.
Инвестициската банка JPMorgan очекува дека во текот на март, индустријата на игри на среќа во однос на минатиот март да изгуби 70 проценти од својата вредноста, со што вкупните приходи на овој сектор во текот на целата 2020 година ќе бидат скоро за една четвртина пониски.
Според најновите расположливи податоци, од епидемијата на коронавирусот COVID-19 која изби во Кина, досега се заразија околу 90.000 луѓе, додека 3.117 подлегнаа на болеста.
Извор: denar.mk